Мануел Нојер, непиркосновениот чувар на мрежата на Баерн Минхен, односно на репрезентацијата на Германија долги години веќе извесен период е надвор од теренот поради повреда на рамото. Баерн „гази“ и без него, а чуварот на мрежата даде изјава со која навистина го шокираше светот.
„Минатата година имав три операции поради канцер на кожата. За среќа, сите беа успешни и можам да кажам дека го победив канцерот. Можам да кажам дека имав многу среќа во целата ситуација“ – изјави Нојер.