Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер прогнозираше кои екипи од англиската Премиер лига на крајот ќе ги заземат првите четири места во шампионатот, гарантирајќи си настап во Лигата на шампионите следната сезона.
„Мислам дека клубовите во северен Лондон ќе бидат активни учесници во борбата за топ 4. Сакам да гледам како игра Арсенал, тие се практично мојот омилен тим оваа сезона. Мислам дека Ливерпул ќе биде пред Челзи во борбата за топ 4, тука ќе бидат и Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити. Ќе биде голема борба која ќе продолжи до крајот на сезоната. Но, навистина мислам дека Ливерпул ќе биде меѓу четирите најдобри. Во втората полусезона, во одреден момент, ќе треба даго видиме Ливерпул од изминатата сезона. И кога тоа ќе се случи, тоа ќе влијае на сите тимови на врвот на табелата, освен на Манчестер Сити“, смета Карагер.