Парите од продажбата на билетите од мечот Шкендија – А. Пандев ќе одат за прославата на роденденот на “балистите“!

872

Во недела, во меч од 14.коло во ПМФЛ, под Шара се игра натпреварот меѓу Шкендија и А. Пандев. Многу важен меч за тетовци, но и за “пандевци“, се разбира, кои повеќе од два месеци не знаат за победа.

Се очекува голем интерес од фановите на Шкендија за овој натпревар, голема посета, но и поради нешто друго.

Имено како што информираат од раководството на тетовскиот клуб, парите од продажбата на билетите од овој натпревар ќе одат за прославата на јубилејниот 30-ти роденден на “балистите“, навивачката група на Шкендија која ќе се одржи на 26 ноември во Домот на Културата во Тетово.

ПретходноЦела година не можел да спие: Меси откри кој му е најтешкиот пораз во кариерата!
СледноСензација во Париз: Медведев елиминиран уште на стартот