Симеоне си оди, Атлетико Мадрид веќе го одбрал наследникот?

516

По елиминацијата на Атлетико од ЛЕ, Диего Симеоне ги минува најтешките денови од доаѓањето во клубот.

Според „Марка“ раководството на клубот нема друго решение освен да продава играчи, се вели дека дури десет би можеле да го напуштат клубот на зима за да ги санираат загубите. Сепак, тоа е претерано, наводно Симеоне ќе ја расчисти соблекувалната, но ќе се обиде да се откаже само од играчи на кои не смета.

Освен тоа, се погласни се шпекулациите за бунт меѓу фудбалерите, тие наводно се прилично незадоволни, па шпанските медиуми ја лансираа веста дека Атлетико размислува за замена на Симеоне.

Се зборува за актуелниот шпански селектор Луис Енрике бил дошол на негово место, но сепак е толку неверојатно што оваа вест треба да ја земете со голема доза на резерва.

Додуша, тој би можел да ја напушти клупата на Шпанија во случај на неуспех во Катар, но некако ни се чини дека Атлетико може да остане без Симеоне само доколку самиот Аргентинец поднесе оставка.

ПретходноПрвакот во криза, Ирвинг имаше ноќ за заборав (ВИДЕО)
СледноПекол за Чави: Деветти повреден играч – во аут ќе биде шест недели!