Струга ТЛ со нова реакција по соопштението на Судиската комисија за голот на Брегалница!

449

 

Се чини дека во редовите на Струга Трим Лум не се помируваат така лесно по примениот прв гол на мечот со Брегалница во неделата, посебно по анализата на Судиската комисија дека истиот бил регуларен. Тие и натаму сметаат дека истиот бил постигнат од офсајд позиција.

Вчера стружани имаа реакција, потоа денеска Судиската комисија со свое соопштение објасни зошто така одлучила, за да вечерва Струга Трим Лум повторно се огласи.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Појаснување: Со причина поради реакцијата на Судиската комисија 

Во вчерашното соопштение, нашиот клуб со најголема искреност и почит кон Судиската комисија и професионалците кои работат во неа, побара објаснување за снимката од која во 24-та минута е констатирана регуларната позиција на целата ситуација.
За жал, од вашата фотоанализа објавена во вашата официјалната веб-страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија и во медиумите, такво нешто не може да се констатира.
Се надеваме дека ваквите ситуации ќе резултираат со подобрување на делењето на правдата од страна на судиите и на фудбалот во целина.

Со почит,
F.C. Struga TRIM & LUM 

May be an image of ‎2 people and ‎text that says "‎СУДИСКАТА КОМИИ НА ФФМ СООПШТЕНИЕ Соопштение на Судиската комисиГа на ФФм Ноември, 2022 B B0 Вести Обравено Мечат q4 1 KOJO Ачализирана ЛИф у ffm.mk Притоее аемяно елокаейтни стручни члехови ผล судискиот одбор. -Брегалнииа Nanatavetxi MOMEHT иипзади-линиате додавяне чнопоелучена одлука на крвнот покодлен งล 24минутае судууа игоот ወወ ضل Содржано секакво conCr неовлас ено пеке בח KOnD земанье- Судискиот после Одбор стручна фудбалската,: JSBHOCT гима праг еисклучиво можниС УЕО аналиаирдкт 세드 Во анализата критериум-поспе 더 после ситуаций КОИ 5MF -Постиснатоо Судискиот Одбор ФИФА кфриториуци. продолжида ФФМ BHOT. наустручмили работи транситарентном умапредуеаний 70‎"‎‎

ПретходноЛШ: Лајпциг претпоследен осминафиналист, петарда за Селтик во Мадрид (ВИДЕО)
СледноМодриќ урна нов рекорд: Сега е највозрасен играч кој погодил пенал во ЛШ