Цела година не можел да спие: Меси откри кој му е најтешкиот пораз во кариерата!

408

Лео Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, на претстојното СП во Катар, кое започнува за помалку од 20 дена, ќе го има петтиот настап на Мундијалите и последен да стигне до титулата.

Меси во својата кариера има освоено се што можеше да се освои. Клупски првак, клупски европски шампион, освојувач на сите можни купови и суперкупови, има со Аргентина и пехар во Копа Америка во 2021, но нема светска титула.

Најблиску беше на Мундијалот во Бразил во 2014 година кога Аргентина загуби во финалето од Германија.

Фабио Солдини, првиот менаџер на Меси, деновиве се потсети на зборовите на Лео една година по финалето на “Маракана“ во Рио де Жанеиро кога му бил на гости во Барселона.

Фаби, да ти кажам дека веќе цела година не можам да спијам по финалето во Бразил, тоа за мене е најтешкиот пораз во кариерата“ биле зборовите на легендарниот аргентински фудбалер.

ПретходноКонечно: “Максимир“ се урива, Динамо и Загреб ќе добијат нов модерен стадион!
СледноПарите од продажбата на билетите од мечот Шкендија – А. Пандев ќе одат за прославата на роденденот на “балистите“!