Во шестото коло од Лигата на шампионите, Баерн го победи Интер со 2:0, но немаше да биде незаслужено ако италијанскиот тим однесеше бод дома поради некои ситуации во првото полувреме.
Играњето со рака во шеснаесетникот е веројатно најкомплицираното правило во фудбалот бидејќи се уште не е јасно што е пенал, а што не.
Во првото полувреме од мечот на „Алијанц Арена“ топката го погоди Мане во рака. Рацете на Сенегалецот беа во воздух, но пред лицето, пенал не беше досуден.
По мечот и Мане беше тестиран за чесност. Дури 15 камери го забележаа и последниот детал, а одличниот офанзивец не криеше дека играше со рака.
„Тоа беше силен удар, да не ги кренев рацете топката ќе ме погодеше во лице и ќе завршев во болница. Мислев дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Значи, тоа не е пенал“, објасни напаѓачот на Баерн.
Bayern 🆚 Inter.
El árbitro Kruzliak no sancionó penal en Champions a pesar que las manos de Mané van al balón y no el balón a la mano. El motivo?
Usó sus manos para protegerse el rostro del pelotazo. Es legítimo! pic.twitter.com/GXMWBNheA8
— 🇺🇦 Arturo Magallanes (@Arturo_M13) November 1, 2022