Мурињо: Нашата амбиција не е повторно да ја освоиме Лигата на конференции

96

Во четврток Рома ќе игра против Лудогорец во последното коло од групата во Лига Европа. Победа ќе ја однесе „волчицата“ во наредната фаза, секој друг резултат ги носи Бугарите понатаму. И двете екипи имаат идентичен број на бодови по 7 но Лудогорец има подобра гол-разлика.

Рома има многу проблеми со составот поради отсуство на фудбалери, а ќе го има на располагање Николо Заниоло чија суспензија ја симна УЕФА и тој ќе може да игра.

Немаме амбиција повторно да играме во Лигата на конференции и да го освоиме трофејот. Сакаме да играме во плеј-офот на Лигата на Европа. Тоа е нашата цел. Ситуацијата е јасна – мораме да победиме. Мислам дека атмосферата ќе биде прекрасна со оглед на тоа дека стадионот е распродаден, како против Бодо и Лестер. Можеме да успееме. Ќе притиснеме за добар резултат“, изјави Мурињо.

Португалецот ќе ги нема на располагање Дибала, Мансини, Спинацола, Вајналдум и Дарбо.

ПретходноДо пред три сезони се мачеа во Втората лига, сега атакуваат на титулата во Полска
СледноППД Загреб од победа до пораз, конечно се „омрси“ и Елверум