Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман пишува историја. Баварците групната фаза во Лигата на шампионите ја завршија со максимални 18 бодови, а со овие шест победи младиот стручњак продолжи да испишува историја.
Баерн ја заврши и последната групна фаза со сите шест победи, но серијата на Нагелсман трае уште подолго. Нагелсман пред да дојде во Баерн забележа и две победи во групната фаза од Лигата на шампионите со РБ Лајпциг, а неговата серија сега изнесува 14 триумфи.
Интересно е што само Луј ван Гал успеал да забележи 14 победи во групната фаза од Лигата на шампионите, заедно како тренер на Барселона и Баерн Минхен.
Нагелсман за жал беше сопрен во четврт-финалето од Виљареал минатата сезона, ќе видиме дали ќе може да оди понатаму годинава.
Ждрепката за осминафиналето на ЛШ е закажана за понеделник во 12 часот.