Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб беше пред победа на средбата со Динамо (Б) во рамките на 6. коло од Лигат на шампионите, но на крајот остана со празни раце. Иако загрепчани на минута и пол до крајот на мечот водеа со 28:27, дозволија во последните 90 секунди да примат два гола и на крајот да го загубат мечот.
Домаќините беа подобри во поголемиот дел од мечот, а во добар дел од второто полувреме имаа и предност од 3 гола разлика. Дибиров и Срна ги предводеа домашните со по 8 гола, недоволни за конечен успех. Динамо (Б) го имаше расположениот Негру кој постигна 7 гола.
Првата сезонска победа и за норвешки Елверум. Пред своја публика, тимот кој досега во пет кола имаше исто толку порозаи, својата прва радост ја оствари на мечот против Целје. Норвежаните славеа со 31:29 и покажаа дека нема така лесно да се откажат од битката барем за 6. место кое може да ги однесе во следната фаза.
Грондал со 8 гола беше прв стрелец кај Елверум, додека кај Целје со 7 гола најдобар беше Влах.