Ѕвездата на Тотенхем Хеунг-Мин Сон ќе го пропушти дербито со Ливерпул викендов поради повредата што ја заработи на вчерашната пресметка со Олимпик Марсеј. Офанзивецот силно удри со глава по сударот со Шансел Мбемба, по што доби лекарска помош и беше заменет. Според медиумите на во Англијаа, тој се здобил со потрес на мозокот. Доколку биде потврдено, напаѓачот ќе мора да биде надвор од терените најмалку шест дена за да се усогласи со протоколот на Фудбалската асоцијација за ваков вид повреда на главата. Тоа значи дека Сон, нема да биде достапен за Антонио Конте да биде домаќин на Ливерпул во недела.