Се чини дека во редовите на Струга Трим Лум не се помируваат така лесно по примениот прв гол на мечот со Брегалница во неделата, посебно по анализата на Судиската комисија дека истиот бил регуларен. Тие и натаму сметаат дека истиот бил постигнат од офсајд позиција.
Вчера стружани имаа реакција, потоа денеска Судиската комисија со свое соопштение објасни зошто така одлучила, за да вечерва Струга Трим Лум повторно се огласи.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
“Појаснување: Со причина поради реакцијата на Судиската комисија
Во вчерашното соопштение, нашиот клуб со најголема искреност и почит кон Судиската комисија и професионалците кои работат во неа, побара објаснување за снимката од која во 24-та минута е констатирана регуларната позиција на целата ситуација.
За жал, од вашата фотоанализа објавена во вашата официјалната веб-страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија и во медиумите, такво нешто не може да се констатира.
Се надеваме дека ваквите ситуации ќе резултираат со подобрување на делењето на правдата од страна на судиите и на фудбалот во целина.
Со почит,
F.C. Struga TRIM & LUM