Шекил го нарече Ирвинг идиот!

188

Пензионираниот НБА кошаркар Шекил О’Нил го нарече кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, идиот во телевизиското студио ТНТ. Шекил се осврна на контроверзните објави на Ирвинг, кој е познат по испади и неконвенционални ставови. Неодамна чуварот на Нетс на своите социјални канали објави книга и филм во кои ги навредува Евреите.

Работите да бидат уште полоши, Ирвинг не се извини за антисемитизмот, тој го негираше тоа и рече дека стои на она што го објавил. Покрај тоа, Ирвинг е еден од најпознатите светски антиваксери, поради што настрада неговата кариера, а своевремено ја застапуваше и теоријата на рамна земја.

„Ме навредува тоа што мораме да седиме и да разговараме за работи кои не разделуваат. Ме нервира што мораме да одговараме за нешто што го направил идиот“, жесток беше Шекил О’Нил во коментарите за НБА на ТНТ.

ПретходноНеговата реакција доволно говори: Конте во „транс“, излуде од среќа (ВИДЕО)
СледноРФМ ќе субвенционира 40% од износот на билетите за мечевите на Македонија на ЕП