Ибрахимовиќ го понижи Мбапе и неговите родители!

312

Златан Ибрахимовиќ одново се најде во центарот на вниманието, овој пат поради изјавите за Килијан Мбапе и неговото семејство, кои со месеци се под лупа поради договорот со ПСЖ и однесувањето на младата француска ѕвезда.

“Не го познавам Мбапе како личност, но како играч тој е фантастичен. Но, кога ќе ја изгубите дисциплината тогаш го губите вашиот индетитет. Поради тоа Зидан е Зидан/ Дали Мбапе го направи вистинскиот избор да остане во ПСЖ? За него не е, за ПСЖ е“, изјави Златан, кој рече дека сега францускиот фудбалер ужива во врска која може да биде штетна за него.

Следни кои беа во редот беа родителите на Мбапе, таткото Вилфрид и мајката Фајза, кои се познати како големи штитеници на нивниот син, а нивната реакција е за очекување.

„Кога детето ќе стане силно, лесно може да заработи пари, па неговите родители стануваат адвокати, агенти, тренери. Тие стануваат нешто друго. Тоа е проблемот. Тогаш ја губиш личната дисциплина и кој си. Сега новите генерации со татко, мајка, родители веднаш мислат дека можат да станат ѕвезди. Тие даваат изјави во медиумите. Но се засмислуваат? Замолчете. На вашиот син е да работи и да биде дисциплиниран“, жестоко рече Ибрахимовиќ.

Ибра за Барселона изјави дека тоа е клубот кој му буди најлошо сеќавање, каде што остана една сезона и каде тренер му беше Пеп Гвардиола.

„Моето најлошо сеќавање? Мислам дека тоа е Барселона, но не поради фудбалот. Ми се случи премногу да размислувам. Се разочарав, правев други работи и да му го изгубив својот индетитет. После тоа одново го пронајдов и тоа беше клучно да го освојувам светот“. 

ПретходноКристијано Роналдо го знае градот, но не и тимот во кој ќе игра? Повторно против Меси?
СледноНов шок за навивачите: Ѕвездата на Челзи го пропушта Светското првенство!