ППД Загреб не успеа да дојде до втората победа во Лигата на шампиони, беше поразен од Динамо Букурешт со 28-29 во рамките на шестото коло во групата А.
На хравтскиот тим не му беше доволна и одличната игра на Тимур Дибиров кој доминираше кај домашниот состав со осум голови. Екс-вардарецот на оваа средба постигна нов погодок од категоријата – невозможни голови.