Зоран Ѓоршоски
Ова е нешто невидено! Ова е Штип или С. Кореја? Ова едноумие ли е? Се прашуваат сите кои сакаат да искоментираат нешто на ФБ на ФК Брегалница, а не можат. Па макар и да пофалат нешто.
Како може во една Македонија, нели сме демократска земја, на некого да му текне, тоа е веројатно потег на “генијалецот“ од спортски директор, да му каже на администраторот на ФБ страната на клубот, да стави БЛОК кај коментарите.
Цел Штип е запрепастен, цела фудбалска Македонија се чуди, каков ли е ова начин да се пресметаш со тие што не мислат како тебе.
Ајде, од спортскиот директор ова може и да се очекува, но тој човек си има и газда, има некој над него, е тој некој зошто не реагира, зошто не ја сопре оваа ступидна одлука на тие што се под него?
А се поради тоа дека фудбалски Штип, барем поголем дел, имаат и тоа што да кажат за спортскиот директор. За тоа што тој досега го сработил, за тоа како си ја работи својата работа.
Како рекле старите?
Ако не разговараш со неколку луѓе можеби си во право, но ако сите ти пречат е тогаш проблемот е кај тебе.
Не знаеме дали ова го направил некој друг клуб во светот, но ова е преседан во наши рамки.
Ние можеме да сфатиме да се блокираат лица кои преку социјалните мрежи искажуваат разни гадости, шират нетрпеливост, национализам и на тие не треба да им се дозволи да се изживуваат со сите нас, но да се блокираат сите, е тоа навистина е едноумие.
И така тој сега ќе излезе со интервју на клупскиот сајт како пред некој ден, ќе ги „испоплука“ сите, ќе ги „нападне“ останатите клубови дека не знаеле да работат и дека грешеле кога менувале тренери, дел од порталите ќе ги нарече – рекетари и никому ништо.
Знае тој дека во јавноста никој не може да го искоментира неговото интервју, па макар и да го пофали.
ФК Брегалница како клуб нека види што се прави на социјалните мрежи на Динамо Загреб. Тренерот Чачиќ и играчите со игрите во Европа оваа сезона донесоа 25 милиони евра, но повторно го критикуваат и го прават “ремпере“ тој Чачиќ.
Да не говориме за Хари Мегваер и социјалните мрежи на Манчестер Јунајтед.
И замислете сега Динамо Загреб да одлучи да ги блокира сите коментари.
Тоа ќе биде САМОУБИСТВО или САМОУНИШТУВАЊЕ!
А, нели Брегалница “живее“ и од општински пари, а тие пари се на граѓаните на Штип. Значи Брегалница е и нивна сопственост, а некој се дрзнал, а тој зема плата од нивни пари, да не им дозволува да го искажат својот став за состојбите во Брегалница.
Па, добро бе има ли некој во тој клуб, во тој град Штип да му ја покаже вратата на „генијалниот“ спортски директор и на клоци да го истера од ФК Брегалница?
Па таа Брегалница не е на мајка му и татко му….