Фудбалерот на Барселона, Пике се наоѓа во многу тежок период.
Откако заврши неговата романса со познатата пејачка Шакира, тој повторно е главна во тема во јавноста. Овој пат за нешто многу поморничаво.
Како што пренесоа шпанските медиуми, на имотот на Жерар Пике биле пронајдени дури 250 гробници за кои Шпанецот платил 20 милиони долари!
Според „Марка“, Пике тие пари ги дал за имот во Коста дел Сол во Малага со намера на него да изгради луксузен хотел. Меѓутоа, целиот проект беше стопиран кога беше откриена масовна гробница.
Испитувањата и анализите ќе покажат од кој период се гробовите.
250 GRAVES found on Barcelona star Gerard Pique’s property.He has invested in a project to build a luxury hotel in Malaga.
According to Spanish media 250 tombs have been found on the property.
Studies will now need to be carried out to determine what century the graves are from. pic.twitter.com/0guMWRcbhW— 𝗝𝗵𝗮𝗻 𝗦. 𝗗𝗼𝗿𝗶𝗲𝗹 ∴ (@JhanSDoriel) November 1, 2022
Пике се почесто доаѓа во центарот на вниманието на јавноста, а тоа се помалку се случува поради добрите игри.
Во текот на кариерата беше член на Барселона, Сарагоса и Манчестер Јунајтед.