Одредени се судиите за 14.коло во ПМФЛ, коло кое се игра викендов. Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија на средбата во Штип каде играат големите ривали Брегалница и Тиквеш. Марјан Младеновски пак ќе ја дели правдата во Тетово каде Шкендија ја дочекува А. Пандев.
Во продолжение можете да ги видите и останатите судии кои ќе судат на преостанатите мечеви од 14.коло во нашата елитна лига.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 14.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)
Шкендија – А. Пандев: Марјан Младеновски (Скопје)
Работнички – Струга ТЛ: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Тиквеш: Јован Качевски (Струга)
Победа – Македонија ЃП: Александар Ставрев (Скопје)
САБОТА, 13 Ч
Скопје – Силекс: Александар Грујоски (Кичево)