„Во 2018 година ме нападнавте, сега му го „лижете“ задникот на Бензема“

626

Златан Ибрахимовиќ имаше што да каже во интервјуто за француски Канал+. Овој разговор на големо е пренесен во светот, бидејќи Швеѓанецот зборуваше отворено, а меѓу другото ја отвори и темата Карим Бензема, фудбалерот кој неодамна ја освои Златната топка.

По скандалот околу уцената на соиграчот Матје Валбуена, Бензема шест години беше надвор од националниот тим, во кој беше вратен минатата година.

“Во 2018 година реков дека Бензема заслужува место во репрезентацијата, а вие новинарите ме нападнавте. Што велите сега? Сега му го лижете задникот на Бензема. Не се плашам од овие зборови”, изјави легендарниот Швеѓанец.
ПретходноСемејството Брајант заработи 400 милиони долари од големиот бизнис што го започнал Коби!
СледноКасемиро: Има нешто во Тен Хаг што сум го видел кај многу малку тренери