Касемиро: Има нешто во Тен Хаг што сум го видел кај многу малку тренери

618

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро изјави дека е пријатно изненаден од фактот што менаџерот Ерик тен Хаг е опседнат со победи. Според Бразилецот, многу малку тренерски аворитети поседуваат таква желба за успех и тоа го одликува холандскиот менаџер.

Касемиро му се приклучи на Јунајтед од Реал Мадрид за 70 милиони евра во август. На Сантијаго Бернабеу, тој играше под тренери како Зинедин Зидан, Рафаел Бенитез и Карло Анчелоти.

„Во фудбалот сум долго време, иако имам само 30 години, но можам да кажам дека она што најмногу ме изненади кај Ерик тен Хаг беше неговата желба да победи. Тој има многу силни страни, а ние сме свесни дека тимот е во изградба. Сите сакаме да победиме, но Тен Хаг е целосно опседнат со таа мисла. Тој постојано не учи и не турка да бидеме што е можно подобри и прецизни. Таквата желба за победа е нешто што сум го видел во многу малку тренери“, коментира Касемиро.

Претходно„Во 2018 година ме нападнавте, сега му го „лижете“ задникот на Бензема“
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Брегалница и Тиквеш, Младеновски под Шара…