ЛК: Убедливата победа на Фиорентина во Рига не беше доволна за првото место

73

Фиорентина со победа во последното коло ја заврши групната фаза на Лигата на конференции. „Виолетовите“ славеа со 3:0 против летонски РФС Рига како гостин, но и пред ова коло тие веќе беа патници во елиминациската фаза. Сега се бореа за првото место во групата, но оваа победа не ги однесе на врвот.
Причината е што Башакшехир го совлада Хартс со 3:1, па турската екипа со 13 бода е лидер, а Фиорентина и покрај тоа што има исто бодови заврши втора. Хартс и РФС испаднаа.
Во елиминациската фаза патуваат и АЗ Алкмар, Дњипро, Ѓургарден, Гент, Сивас, ЦФР Клуж, Слован Братислава и Базел.

РЕЗУЛТАТИ
БАШАКШЕХИР – ХАРТС 3:1
РФС – ФИОРЕНТИНА 0:3
АПОЛОН – ВАДУЦ 1:0
АЗ АЛКМАР – ДЊИПРО 2:1
ЦФР КЛУЖ – БАЛКАНИ 1:0
ЃУРГАРДЕН – ШЕМРОК 1:0
ГЕНТ – МОЛДЕ 4:0
ПЈУНИК – БАЗЕЛ 1:2
СЛАВИЈА ПРАГА – СИВАС 1:1
ЖАЛГИРИС – СЛОВАН 1:2

ПретходноМитревски и Порто немоќни против ПСЖ, испратени на дното во групата
СледноЗидан се враќа, ќе го замени Дешамп по Мундијалот во Катар!