Иако во Наполи е само неколку месеци, Квича Кварацхелија веднаш покажа дека е фудбалер од екстра класа. И веднаш доби прекар – Кварадона.
Јасно е дека уште далеку е Грузиецот од Диего Марадона, иконата на Наполи и на светскиот фудбале, но кога некој те споредува со Диего е тогаш навистина вредиш.
И кога е така тогаш јасно е дека сите гиганти сакаат да го имаат Грузиецот во своите редови. Тој сака во Реал Мадрид, но Наполи одлучи дека кој сака да го има Кварадона ќе мора да плати 100 милиони евра.