Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови го победи Карен Хачанов на Мастерсот во Париз и успеа да се пласира во 1/4 финалето на овој турнир. Иако резултатот не говори така, во гемови беше 6:4 и 6:1, сепак за Србинот ова на беше баш така лесна победа, и тоа само во првиот сет.
Новак одлично го почна мечот, поведе против рускиот тенисер со 3:0 во гемови во тој прв сет, но потоа “влезе“ нервозата и брзо беше 3:3.
Сепак на крајот успеа да го добие сетот со 6:4. Во вториот сет чиста доминација на Новак, Хачанов немаше шанси.
Во 1/4 финалето Новак ќе се сретне со Лоренцо Музети од Италија.