Работнички ги „краде“ Маслинко, Ефремовски и Пипкинс од Гостивар

2568

Екипата на Работнички по четирите порази во низа, очигледно дека ќе мора да менува нешто во составот, па наместо спасот да го бара во слободни играчи или во странство, одлучи да „чепне“ во засега најдобриот тим во Првата лига, екипата на Гостивар.

Според информациите до кои дојде Спортмедиа, најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас, е во потера по двајца македонски репрезентативци, и еден Американец.

Станува збор за Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко и Луан Пикинс. Тројца кошаркари кои и тоа како му требаат на Работнички особено во момент кога се губат мечеви кои изгледаат едноставни за победа.

Работнички кој со години се „дави“ во финансиски проблеми, поради неисполнување на обврските од страна на луѓе кои ветуваат „брда и планини“ може да се надева на подобри денови со оглед на фактот што во клубот влезе свеж капитал, но тогаш очигледно ќе мора да се снаоѓа, а за почеток ќе мора да одбере адекватни засилувања кои ќе донесат победи на стартот на домашниот шампионат. Да биде ситуацијата уште поинтересна, последниот пораз на Работнички беше токму од тимот на Гостивар.

 

ПретходноСудии за ВМФЛ: Бартон “главен“ на мечот Пехчево Скопје – Борец!
СледноСон е опериран и е под знак прашалник за Мундијалот во Катар