Познати се судиите и за второлигашкото коло викендов, за 11.коло во ВМФЛ. Сите мечеви се играат во сабота со почеток од 13 часот. Јосип Бартон од Скопје ќе биде “главен“ на средбата меѓу Пехчево Скопје и Борец, додека на Вардар во Виница ќе му суди Крумислав Ѓорѓиев од Штип, а на мечот Гостивар – Арсими правдата ќе ја дели Миле Лазов од Неготино.
ДВОЈКИ И СУДИ ЗА 11.КОЛО – САБОТА (13 Ч)
Караорман – Пелистер: Стојанче Стојанов (Штип)
Пехчево Скопје – Борец: Јосип Бартон (Скопје)
Каменица Саса – Детонит: Фатмир Бафто (Охрид)
Беса – Охрид: Доне Ристовски (Гевгелија)
Гостивар – Арсими: Миле Лазов (Неготино)
Воска Спорт – Кожуф: Дејан Младеновски (Скопје)
Слога (В) – Вардар: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Беласица – Тетекс: Влатко Илиоски (Прилеп)