Тотенхем и Јужна Кореја во паника, Сон мора на операција

199

Во вторникот Тотенхем славеше на гостувањето кај Марсеј со 2:1 но победата остана во сенка на повредата на напаѓачот Хеунг мин Сон. Тој доби удар во окото, па мораше предвреме да го напушти натпреварот. Утврдено е дека ќе мора да оди на операција поради фрактура на коски на лицето поради што окото му е потполно затворено.
„По операцијата Сон ќе мора на рехабилитација, а нашиот медицински тим на време ќе соопшти во каква состојба е“, соопштија од клубот.
Операцијата ќе биде извршена на крајот на оваа недела, па Сон нема да го игра големото дерби со Арсенал. А дополнително, прашање е дали ќе заздрави навреме за да игра за Јужна Кореја на СП во Катар кое почнува за десеттина дена.

ПретходноЗидан се враќа, ќе го замени Дешамп по Мундијалот во Катар!
СледноМбапе: Пехарот од СП е најважниот во животот!