Освојувачот на Лигата на конференции, Рома успеа да се пласира во нокаут фазата на Лига Европа откако вечерва на свој терен со многу мака го совлада Лудогорец со 3:1. На „волчицата“ и требаше победа, а по првото полувреме гостите од Бугарија водеа со 0:1 со голот на Рик во 42. минута.
AS Roma 0 – [1] Ludogorets – Rick 41′
Nov 04, 2022
Рома успе да направи пресврт преку голови од пенали. Во 56. и во 65. минута двоен стрелец беше Лоренцо Пелегрини. Во 77 минута се случи интересна ситуација во која Нонато постигна гол за 2:2 но радоста на Бугарите ја прекина судијата по реакција на ВАР. Причината е тоа што пред голот имало прекршок во напад. Голот беше поништен, па Рома „преживеа“ во овој напад. А неколку минути подоцна се беше решено. Николо Заниоло го постави конечниот резултат.
AS Roma [1] – 1 Ludogorets – Pellegrini PEN 55′
Nov 04, 2022
AS Roma [2] – 1 Ludogorets – Pellegrini PEN 65′
Nov 04, 2022
Така „Волчицата“ заврши на втората позиција, Бетис како победник на групата, додека Лудогорец и Хелсинки испаднаа.
Во групата Б, Фенербахче заврши на првото место со 14 бода иако имаше исто бодови колку и Рен на втората позиција. Фенер вечерва славеше со 2:0 над Динамо Киев на стадионот на Краковија (Полска), додека Рен со 1:0 го совлада АЕК Ларнака.
Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски го преседе мечот на клупата.
Понатаму одат: Арсенал, ПСВ, Бетис, Рома, Ројал Унион, Унион Берлин, Фенербахче, Рен
Во ЛК одат: Бодо/Глимт, Лудогорец, Брага, АЕК Ларнака
РЕЗУЛТАТИ
АРСЕНАЛ – ЦИРИХ 1:0
РОМА – ЛУДОГОРЕЦ 3:1
БЕТИС – ХЕЛСИНКИ 3:0
БОДО/ГЛИМТ – ПСВ 1:2
БРАГА – МАЛМЕ 2:1
ДИН.КИЕВ – ФЕНЕРБАХЧЕ 0:2
РЕН – АЕК ЛАРНАКА 1:1
РОЈАЛ УНИОН – УНИОН БЕРЛИН 0:1