Митревски и Порто немоќни против ПСЖ, испратени на дното во групата

59

Порто по поразот од ПСЖ со 32:30 е единствената екипа која по шест кола во групата на ЛШ нема триумф. Парижаните славеа против клубот на Никола Митревски, па ПСЖ има 10 бода, додека Порто е на дното на табелата.
Митревски имаше шест одбрани или успешноста му беше нешто помалку од 20%. Португалците во финишот успеаа да намалат на 31:28, но сепак, немаа време да спасат нешто.
Најефикасен на мечот беше Елохим Пранди од ПСЖ со 11 гол, а екс вардарецот Даинис Кристопанс постигна девет гола.
Веспрем со 30:26 славеше на гости кај Висла Плоцк во истата група и е лидер со 11 бода.

ПретходноЦ.Звезда се збогува од Европа, луда завршница на групата Ф во која настрада Лацио (видео)
СледноЛК: Убедливата победа на Фиорентина во Рига не беше доволна за првото место