Никој не го сака Рикијардо, австралискиот возач на принуден одмор

245

Даниел Рикијардо на крајот на оваа година ќе го напушти Мекларен пред истекот на договорот со оглед на тоа дека ниту тој, ниту британската екипа не се задоволни од неговиот перформанс во Формула 1.
Австралискиот возач е слободен во изборот на нов тим, меѓутоа никој не го сака, па така ќе ја пропушти идната сезона.
Нема да возам следната година во Формула 1. И понатаму сакам да бидам дел од Ф1, меѓутоа во овој момент ми е потребен одмор. Сакам да се вратам во 2024 година кога ќе видам како ќе се одвиваат работите во тимовите што се однесува до договорите“, изјави Рикијардо.
Австралиецот во кариерата возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено и Мекларен. Во 230 настапи има 8 победи, а последен пат триумфираше на ГП на Италија во 2021 година.

ПретходноМбапе: Пехарот од СП е најважниот во животот!
СледноЛЕ: Рома се изнамачи за победа над Лудогорец и место во следната фаза (видео)