Нов шок за навивачите: Ѕвездата на Челзи го пропушта Светското првенство!

226

Динамо Загреб во седмата минута ги шокираше домашните навивачи преку Бруно Петковиќ, кој погоди за водство. Сепак, десет минути подоцна Стерлинг ги врати работите на вистинскиот пат, а во 30. минута Закарија го постигна голот за пресврт.

До крајот на натпреварот немаше голови, па Челзи како првопласиран се пласираше во следната фаза од натпреварувањето, додека Динамо остана без европската пролет.

Бен Чилвел се повреди во судиското надополнување на мечот на „Стемфорд Бриџ“, се работи за повреда на тетивата.

За ова по натпреварот зборуваше и тренерот на Челзи, Грем Потер, кој призна дека надежите на Чилвел на Светското првенство се нула.

„Мораме да го погледнеме, но тоа воопшто не е позитивно. Во една ваква позитивна вечер, тоа е последното нешто што сакавме да се случи. Разговаравме накратко. Тој почувствува нешто додека заминуваше и тоа е се. Разочаран е и многу лут”, изјави Грем Потер.

Ова е уште еден удар за Чилвел бидејќи минатата година тешко ги повреди предните вкрстени лигаменти, поради што беше надвор од теренот неколку месеци.

ПретходноИбрахимовиќ го понижи Мбапе и неговите родители!
СледноПронајдени гробови на имотот на Пике од 20 милиони евра