Со емотивно видео: Пике објави дека оди во пензија! (ВИДЕО)

267

Џерард Пике, ѕвездата на Барселона и некогашен репрезентативец на Шпанија, фудбалер кој освои се што може да се освои објави на своите социјални мрежи дека оди во фудбалска пензија.

И дека саботниот меч со Алмерија во Ла Лига ќе биде негов последен во кариерата.

Се разбира дека ова е шоканта вест ако се знае дека тој имаше намера ова да го стори, но не сега. Интересно тој беше на еден од списоците на Луис Енрике за СП во Катар.

Но, сепак ништо од тоа.

Сакам да кажам дека е време да се затвори овој круг. Отсекогаш сум велел дека после Барселона за мене нема друг клуб. Така и ќе биде“ истакна Пике на своите социјални мрежи.

Пике во својата кариера освои 8 првенствени титули, 4 пехари во ЛШ, беше и европски и светски првак со Шпанија, и уште многу други пехари.

ПретходноКога Лео ќе “ГРМНЕ“: Снимка од страшниот емотивен говор на Меси пред финалето на Копа Америка! (ВИДЕО)
СледноТоа е Неапол: Во текот на ноќта украден новиот автомобил на Кварацкелија!