Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, е опериран, соопштија од англискиот клуб. На дуелот со Олимпим Марсеј во рамките од Лигата на Шампионите страдаше неговата јаболнчна коска на лицето, па мораше истата да се санира со оперативен зафат.
Па така, повредата го доведува во прашање учеството на Сон на претстојниот Мундијал. Првенството во Катар започнува на 20 ноември, со првиот натпревар на Јужна Кореја четири дена подоцна против Уругвај. Во групата се уште Португалија и Гана. Од Тотенхем не објавија за колкава пауза ќе стане збор, па затоа јавноста и мора да шпекулира. Сон има 104 настапи за репрезентацијата на Јужна Кореја и 35 гола.