Во Атлетико заигра „метлата“, четворица се на излезна врата уште во јануари

184

Тимот на Атлетико Мадрид, уште од сега може оваа сезона да ја прогласи неуспшена. Причината за тоа секако е раната елиминација од Лигата на Шампионите, а да биде ситуацијата уште полоша не е обезбеден ниту пласман во Лигата на Европа со оглед на фактот што тимот заврши четврти во ЛШ групата.

Па така, нема пари од ЛШ но ни од ЛЕ па ќе мора сериозно да се редуцираат трошоците и да се направи „рез“ во тимот. Со оглед на фактот што тренерот Симеоне ужива огромна доверба кај управата очигледно дека тимот ќе биде тој што ќе претрпи измени.

Медиумите во Шпанија на големо пишуваат дека Симеоне „прешкртува“ четвротица стандардни. А тука во преден план е Жоао Феликс, 120 милиони тешкото засилување од пред неколку сезони, кој ни оддалеку не ги исполни очекувањата. Барселона е заинтересирана за него, но Атлетико да биде среќен ако извлече пола од сумата која ја плати за него.

На листата на Симеоне се и Лемар, Јаник Караско и Родриго Де Пол. Караско е трагичарот по елиминацијата во ЛШ затоа што токму тој го промаши пеналот во последнтие секунди од мечот. Лемар пред четири години стигна од Монако за 75 милиони евра, но константно се мачеше со повреди.

 

ПретходноФантастични 13 милиони денари е наградниот фонд во „заврти и победи“ на 2WIN.mk
СледноКалин застана во 1/4 финалето