Кристијано: Ќе продолжиме да ги следиме нашите цели

118

По победата на тимот на Манчестер Јунајтед од 0:1 на гости кај Реал Сосиедад синоќа во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, Кристијано Роналдо преку социјалнтие мрежи даде поддршка за она што се случува во моментов. Се заблагодари и на публиката која е верен следбеник на Јунајтед каде и да се играат мечевите што е уште еден голем плус во овие турбулентни времиња за клубот. И покрај успехот, „црвените ѓаволи“ останаа втори во својата група и ќе се сретнат со екипа која што испадна од Лигата на шампионите.

„Одиме напред и ќе продолжиме да ги следиме нашите цели за сезоната! Им благодариме на нашите поддржувачи што никогаш не се откажаа од нас“, напиша Роналдо и сподели фотографија со 18-годишниот стрелец на натпреварот , Гарначо , кому во таа прилика му асистираше.

ПретходноЕкс – селекторот на Македонија не е веќе тренер на ППД Загреб!
СледноНикола Глигоров е нов член во стручниот штаб на А-репрезентацијата!