Петровиќ: Одигравме без енергија! Од контра напади фрлавме во аут, не фати паника во напад!

263

МЗТ Скопје запиша нов пораз во АБА-лига. Актуелниот македонски првак покажа дека треба многу да работи доколку сака повеќе да се радува. Морнар од СЦ „Јане Сандански“ си замина со убедлив триумф од 77-94, а за стратегот Александар Петровиќ скоковите се една од главните причини за лошата игра.

„Честитки за победата на екипата на Морнар. Причината за поразот го гледам во нашиот лош скок. Тие имаа дури 12 офанзивни скокови, од кои реализираа доста лесни поени. На 52:53, имавме неколку напади кои не ги реализиравме. Од контра напади фрлавме во аут, не фати паника во напад. Бевме безидејни. Тие знаеја што сакаат, Расел и Михаиловиќ одлично погаѓаа и делеа асистенции, со што одлично го водеа својот тим во нападот. Денеска скокот ни беше катастрофа и тука го загубивме мечот. Морнар имаше 15 скока повеќе од нас. Ова е јака лига, но МЗТ нема да се предаде. Одиме понатаму, иако знаеме дека ќе биде тешко. Мора многу да работиме. Екипата беше без енергија. Второ полувреме одигравме тотално без енергија“, рече Петровиќ по мечот.

МЗТ Скопје има скор од пет порази и само една победа, во следното коло го чека битка против ФМП на гости.

ПретходноЃоковиќ завери полуфинале на Мастерсот во Париз
СледноНорвешка со убедлива победа ја почна одбраната на титулата, Шведска лесно ја реши Србија!