Пике на Барселона ќе и „прости“ неверојатна сума!

586

Џерард Пике, легендарниот дефанзивец на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона, најави дека во сабота ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Пике за Барса одигра 615 натпревари, а последниот ќе го одигра против Алмерија во 13. коло од шпанското првенство.

Според пишувањето на шпанските медиуми, еден од капитените ќе и прости на Барселона значителна сума, а се работи за околу 30 милиони евра. Станува збор за дел од парите кои клубот му ги должеше поради пандемијата, но и приходите од кои Пике се откажа од актуелниот договор кој трае до 2024 година.

Пред пандемијата, Пике заработуваше околу 28 милиони евра годишно и беше меѓу најплатените играчи во клубот, а меѓу првите се согласи на намалување на договорот за клубот да може нормално да функционира и да носи играчи.

Со Барселона освои осум титули во шпанската лига, шест Суперкупа и седум Копа дел Реј. На меѓународна сцена освои три титули – во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

ПретходноНикола Јокиќ во најлошиот меч испиша историја во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноСари никогаш не ја превзема вината: Судијата ќе го изнервираше и светецот Падре Пио!