Потврда и од Вардар: Ристовски на позајмица во Лемго!

145

Како што беше објавено, и од страна на „Спортмедиа“, Борко Ристивски, голманот на РК Вардар оди на двомесечна позајмица во германскиот Лемго.

Ова попладнево го официјализираше и самиот Вардар кој се огласи со соопштение:

Голманот Борко Ристовски во следните два месеци ќе биде член на бундеслигашот Лемго, како позајмен играч. Потоа се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.

Управата на Лемго се обрати до Вардар со молба да им го позајми нашиот голман до крајот на годината со оглед на тоа што нивниот се повредил, а имаат важни мечеви во домашното првенство.

Вардар со задоволство одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше денеска целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата. Потоа Ристовски ќе се врати во Скопје каде ќе биде дел од Вардар во пролетниот дел од сезоната“

ПретходноДинамо Загреб заработил 180 милиони евра од своите настапи во ЛШ и ЛЕ од 2009 па наваму!
Следно„Испливаа“ 19-те сигурни Бразилци за СП во Катар!