Ѓоковиќ завери полуфинале на Мастерсот во Париз

141

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз совладувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети со резултат 2:0 (6:0, 6:3).

Ова беше најдобриот меч на Ноле на турнирот во париската сала „Берси“, во кој не му даде ниту една шанса на младиот италијански тенисер да се надева на изненадување.

Ѓоковиќ во борбата за финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Стефанос Циципас од Грција и Американецот Томи Пол.

Претходнопласман во второто полуфинале обезбедија Данецот Руне кој го доби дуелот со Шпанецот Алкараз кој мораше да го предаде дуелот во вториот сет, како и Ожер-Алиасим од Канада, кој славеше над Тиафо од САД.

ПретходноМиовски ја продолжи гол-серијата: Бојан од „втора мајка“ за водство на Абердин (ВИДЕО)
СледноПетровиќ: Одигравме без енергија! Од контра напади фрлавме во аут, не фати паника во напад!