Еден од нашите најдобри судии, Јосип Бартон, заедно со своите колеги Марјан Младеновски и Доне Ристовски ја добија таа чест и задача од ФИФА да судат на Футсал дуелот меѓу Данска и Финска, во рамките на квалификациите за СП. Мечот се игра во Архус на 11 ноември со почеток од 18 часот.
Да кажеме дека пред неколку недели тие одлично си ја одработија својата задача на мечот во Тбилиси, каде го судеа футсал мечот меѓу Грузија и Белгија.