Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, па и во историјата на фудбалот со соочува со навистина тешки времиња. Во Манчестер Јунајтед игра во ЛЕ, но не и во Премиерлигата, или игра ретко. Сака да си оди, но никој не го сака, па и поради високата плата.
Последното понижување дојде од Бразил, од тимот на Фламенго.
Челниците на овој клуб велат дека нема проблем да дојде Нејмар кај нив, тој бил икона на фудбалот во нивната земја, сепак зависи и од буџетот со оглед на тоа колку чини напаѓачот на ПСЖ.
Додека за Кристијано Роналдо се кажа следното:
„Роналдо може да дојде кај нас во нашиот дрим – тим, но ќе биде резерва, ќе се седи на клупата. Не знаеме на кого му текна дека ние сме биле заинтересирани за него“.