Даниел Марковски пред трансфер во Сампдорија

1426

Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на шведскиот тим Хелсинборг, Даниел Марковски е пред трансфер во Сампдорија.

Спортмедиа дознава дека десниот бек, една недела веќе е дел од калчолигашот, каде што раководните структури на младинската школа имаа можност подобро да се запознаат со неговите квалитети.

Марковски е момче кое е родено и израснато во Шведска, и кое Македонија го привлече да игра за нашите младинскис селецкии. Беше дел од нашата У17 репрезентација.

Во младинскиот погон на Сампдорија веќе имаме еден наш младински репрезентативец во името на Абиола Бамијоко кој веќе игра со генерација постари фудбалери и кому му се прогнозира блескава иднина.

 

ПретходноНа овој брод ќе бидат сместени сопругите на англиските ѕвезди за време на Мундијалот во Катар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМиовски ја продолжи гол-серијата: Бојан од „втора мајка“ за водство на Абердин (ВИДЕО)