Ивица Обрван, некогашниот селектор на нашата ракометна репрезентација не е веќе тренер на ППД Загреб, на најдобриот хрватски клуб. Поради слабите резултати сезонава на домашна сцена и посебно во Лигата на Шампионите, го натерале челниците на клубот да реагираат и во договор со самиот тренер да го раскинат новиот договор кој беше потпишан.
Инаку Обрван во изминатите 18 месеци беше на клупата на “плинарите“.
Ова денеска и официјално беше објавено од страна на клубот.