Златан Ибрахимовиќ даде големо интервју за францускиот Канал +. Во него тој зборуваше за повредата поради која ја пропушти целата сезона, ситуацијата во Милано, неговиот поранешен клуб ПСЖ и други актуелни теми од светот на фудбалот. Неизбежното прашање беше за одличниот Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер Сити и стана најдоминантниот стрелец на светот.
“Навистина ми се допаѓа Халанд, тој е многу интелигентен играч. Тој не прави работи кои се надвор од неговата комфорна зона. Тој не се спушта за да игра со тимот, туку чека пред голот и постигнува гол”, започна Ибрахимовиќ, кој не пропушти да го критикува и Пеп Гвардиола, тренерот со кој е во затегнати односи уште откако соработуваа во Барселона и кого не еднаш на потсмев го нарекуваше „филозоф“.
“Дали Халанд може да напредува под водство на Гвардиола? Зависи од една работа, колку его има Пеп. Ќе видиме дали ќе дозволи да биде поголем од Халанд или не. Не дозволи мене и некои други играчи да бидеме големи како него“.