Можеби е добар, одличен кошаркар, но веројатно нема ништо во главата, велат обичните спортски фанови, но и голем број спортски мега – ѕвезди за Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин Нетс.
Прво она што го направи за време на пандемијата, а сега откако јавно промовираше филм со крајно антисемитска содржина. Шекил О`Нил за него рече дека е идиот.
Потоа самиот клуб го суспендира и го казни парично, а сега дојде време самиот Ирвинг да се извинува.
Имено тој ветил дека ќе донира 500.000 долари на организации кои работат на искоренување на омразата и нетолеранцијата.
„Свесен сум за негативното влијание на мојата порака врз еврејската заедница и ја преземам одговорноста за тоа“ посочи Кајри Ирвинг.