Германски Лемго денеска и официјално го промовираше нашиот Борко Ристовски (40) како засилување до крајот на годината. Како што објавија од Лемго, Борко е замената за Ур Кастелиќ кој поради повреда нема да биде со екипата до Нова година.
„Борко е суперискусен и токму тоа што го баравме во нашата моментална ситуација. Среќни сме што успеавме брзо и лесно да се договориме за соработка со него до крајот на годината и сигурни сме дека тој ќе биде одлично засилување и поддршка за Фин Зехер во наредните недели“, вели извршниот директор на Лемго, Јорг Церајке кој му посака добредојде на Ристовски во Лемго.
Боркопред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден и е под договор со Вардар од 2020 година.
„Неверојатно сум среќен што ќе можам повторно да играм во најсилната лига на светот и ќе направам се во следните недели и месеци за да и помогнам на Лемго на најдобар можен начин“, ветува Ристовски, кој веќе го направи првиот тренинг со тимот.