МЗТ се „распадна“ во третата четвртина, Морнар со цел плен од Скопје (ФОТО)

146

МЗТ Скопје го запиша петтиот пораз во АБА-лига, откако на домашен терен беше совладан од Морнар со 77-94 во рамките на шетото коло. Актуелниот македонски првак одигра добро само едно полувреме, што пак не беше доволно за поголем подвиг и радост пред навивачите.

Крстевски со 22 поени беше прв стрелец, Кефи запиша 14 поени, еден помалку имаше Војдан Стојановски. Михаиловиќ на другата страна имаше 25 поени, 22 имаше Расел.

Првото полувреме беше „падни – стани“, а во истото МЗТ Скопје ги покажа своите слабости, проблемот со константноста, но и дека знае да се издигне. Одличен во првиот дел беше Бојан Крстевски, постигна 15 поени, беше причината поради која неговиот тим се враќаше од неговата.

Актуелниот македонски првак поведе со 7-2 и 11-6. По последните плус пет гостите со серија 6-0 дојдоа до првото водство на мечот (11-12). Сепак ваквиот расплет ги мотивираше кошарите на македонскиот тим, дојдоа на плус седум 21-14 во седмата минута. На крајот овој период го завршија со пет коша предност (27-22).

Морнар фати подобар ритам во втората четвртина, па од 32-24 со серија од 3-15 дојде на плус четири 35-39. И одново МЗТ Скопје се разбуди, за кратко време приреди пресврт и поведе со 44-41. На одморот резултатот беше 47-44.

МЗТ Скопје лошо влезе во третата четвртина, прими девет поени, не даде ниту еден, па дојде до нов пресврт на резултатот, во 23. минута беше 47-53 за Морнар. Македонскиот првак првиот кош го постигна после три и пол минути, на кратко поведе со 54-53, но потоа контролата одново му припадна на противникот. Избраниците на Александар Петровиќ имаа серија на нереализирани напади, казната стигна, негативата стигна на 13 поени негатива (54-67).

Од овој момент почна да тоне бродот, па тешко беше да се фати некој ритам. Морнар не дозоволи мечот да заврши поинаку, беше 72-86 на две минути до крајот.

На следниот меч МЗТ Скопје игра против ФМП на гости.

ПретходноЛемго го престави Ристовски: Борко е суперискусен и токму тоа што ни треба
СледноПрва сензација на ЕП 2022: Словенките ја „средија“ Данска