И дефинитивно, и официјално, Илија Несторовски по долга, долга пауза, по речиси 20 месеци се враќа во нашата А- репрезентација и тоа за пријателските мечеви со Финска и Азербејџан, кои се играат на 17 и 20 овој месец во Скопје.
„Да, точно е дека Несторовски се враќа во репрезентацијата. Јас сметам на него на овие два меча, тој ќе добие повик“ ни потврди селекторот на нашиот национален тим Благоја Милевски.
Инаку последен пат Нестор играше за Македонија во март минатата година, потоа се повреди и не можеше да настапи за Македонија на ЕВРО 2020.