Бојан Миовски ја продолжи својата гол-серија во шкотската Премиер лига. Вечерва во воведот на 14. коло, Абердин води по првото полувреме со 1:0 на домашен терен на мечот со Хиберниан, а голот за домашните го постигна токму нашиот репрезентативец.
Миовски двапати го изведуваше пеналот за домашните во петтата минута од судиското продолжение, откако во првиот обид не успеа да погоди, но судијата го врати пеналот на ново изведување. Миовски по вторпат не греши и му обезбеди водство на Абердин од 1:0 по првиот дел.