Во трката за опстанок во хрватската Прва лига екипата на Горица на чие чело е нашиот екс-селектор Игор Ангеловски, претрпе нов пораз. Во десетиот првенствен меч на клупата на Горица, Ангеловски го претрпе осмиот пораз, овој пат на гостувањето кај Истра со 1:0.
Домашните до победата дојдоа во 91. минута со голот на Бакрар. Нашиот репрезентативец во тимот на Истра, Антовски доби шанса во последните минути на средбата.
Горица останува убедливо последна на табелата и ја чека тешка битка за опстанок.