Паника во Наполи: Се повреди Кварадона!

361

Паника и немир под Везув, во таборот на Наполи, во редовите лидерот во Серија А, на тимот кој во овој момент го игра веројатно најспектакуларниот фудбал во светот.

Имено како што и потврдија од самиот клуб, Кварадона или Квича Кварацкелија е повреден и тој нема да може да настапи за својот тим на дербито со Аталанта.

Стануба збор за повреда на грбот, но не се очекува којзнае каква долга пауза.

Кварадона кој стана миленик на фановите на клубот каде што игра и нашиот Елиф Елмас, досега одигра 12 меча во Серија А за Наполи, беше стрелец на шест голови и забележа седум асистенции.

ПретходноГостивар подготвен за утрешното враќање на својот стадион и за дуелот со Арсими! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛемго го престави Ристовски: Борко е суперискусен и токму тоа што ни треба